речник контакт

Како се полагало во Велес за шофер во 50-тите години на минатиот век

Според сеќавањата на чичко Баге – Благој Панов

Петар Печков

Соговорникот чичко Баге, Благој Панов има  81 година. Тој има возачка дозвола која датира од пред точно 61 година. Издадена е на  6-ти август 1955-та година.

Неколку години веќе не  ја продолжува, но затоа таа му е драг спомен.   Тој објасни  како велешани полагале за возачка дозвола во средината на 50-тите години од минатиот век. 

Коли малку имаше  тогаш во градот, на прсти се броеја.  Решив да полагам  на 20 години и се пријавив.   Не собраа од  кај  стара аптека, пред Саатот.Таму чекавме. Бевме околу 30-тина, се машки, женско тогај немаше. Кај такво нешто,  жена кола да вози. И не качија  во камион. Сите полагавме за кола,ама  на камион се полагаше за ,,Б,, категорија. И тргнавме, два дена се полагаше. Преку Штип,. Радовиш, Неготино, до Прилеп преку планината  Бабуна -стариот пат и назад до Велес. Спиевме во Неготино. Комисијата двајца беа, тие седеа до нас во кабината. Ќе речат стој, застануваш, седнува друг доаѓа од назад, па тој вози некое време, јас одам назад  и така се сменувавме. Тогаш положив и добив  дозвола за возач на автомобил – се присетува Благој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »