речник контакт

Како се скокаше по крстот за Водици во Велес, низ годините

На времето најумешен бил Орде апашот, подоцна во поново време 25 години по крстот скокаше Киро Папаз

Петар Печков

Богојавление Водици низ годините. Со помош на двајца сограѓани ќе се вратиме децении наназад.   Душанка Зимек живее во куќата близу Мало мовче. Тука израснала и е сведок кога крстот се фрла во водите на реката Вардар.

Се фрлаше од Мало мовче. Тогаш беше дрвено. Целото беше украсено со зеленика, попот во средина пее а тие што скокаа од страна од раклите. Никако во вода не смееја, кој ќе влезе ако го фане крстот не се признаваше.  Дури откако ќе го фрли попот тие скока. Најмногу скокаше и го фаќаше Орде Апашот,  па Ќиро Боксерот  - се присетува тетка Душанка.

Додава дека така било се додека Мало мовче не било однесено од поплавата 1961-ва, после тоа таа заминале за Скопје. Знае дека традицијата е возобновена 1989-та во времето на Владиката Михаил и прота Стојко. Се фрлал од Стар мост. Тогаш го фати Киро Папаз, кој редум скокаше 25 години се до пред да почине.   

За времето на српско и бугарско раскажа чичко Баге Панов. Тој до детали кажа каде се фрлал во тие години  крстот за Водици.

Се  фрлаше од спроти каде сега е зградата на Епархијата, подолу од Мало мовче. Се правеше бина, целата накитена со зеленика. Имаше еден казан на неа и попот  го фрлаше во Вардар. Имаше војска српска  и  бугарска  и едните и другите и пукаа кога ќе се фрли и пуштаа гулаби во воздух. Знам дека едно време Атанко од Дворови, имаше вага мереше во центар и тој скокаше и го фаќаше – вели Баге.     

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »