Петар Печков
Објавено: четврток, 06 септември 2012
Пожарот кој го зафати ридoт Гроот му се закануваше и на дел од градот е локализиран. Пожарникарите спасија пет викенд куќи, но изгореа 100-тина хектари грозје и нискостеблеста шума и трева.Поради лошиот и непристапен терен не можеа да интервенираат возилата на пожарната, па пожарникарите на грб носеа вреќи со вода со кои го гаснеа пожарот. Околу 17,30 тој беше ставен под контрола. Дождот кој подоцна заврна го згасна огнот.
Tweet |