речник контакт

Како седиштата од Алијанц арената завршија во село Делгожди - струшко

Европскиот гигант Барен Минхен го опреми локалното игралиште во струшкото село

Петар Печков

Вкупно 255 седишта од модерната „Алијанц арена“ на која своите натпревари ги игра европскиот гигант Баерн Минхен, се преселија на локалниот стадион во Делогожди, струшко. Гордоста на Баварија реши да му помогне на ОУ „Нури Мазари“ и да го опреми училишното игралиште во ова струшко село. Како воопшто дојде до неверојатната соработка?

Фантастичната приказна деновиве е вест и во германските медиуми. Се' започнало кога победникот на Лигата на шампионите од 2013 година, за време на летниот одмор ги извади столчињата на еден дел од јужната трибина за да постави други. Во Заедницата на Делогожди во Швајцарија, добро знаеле за ситната обнова на „Алијанц арена“. Претставници на друштвото основано во Швајцарија пред три децении од поранешни жители на струшкото село, веднаш контактирале со германскиот шампион и го замолиле да им ги даде старите столчиња.

„Нивниот ентузијазам беше голем, па големиот Баерн не размислуваше долго и одговори позитивно на барањето за испраќање 100 столчиња“, пишуваат весниците во Минхен.

Двајца членови на Заедницата на Делогожди во Швајцарија се сретнале со менаџерите на Баерн за да им изразат благодарност за хуманиот гест, а место вообичаеното „нема проблем“, бундеслигашот се одлучил за уште една пратка од 155 седишта.

Столчињата од „Алијанц арена“ сега се поставени на селскиот стадион во Делогожди. „Благодариме ФК Баерн“, пишува на врвот од игралиштето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »