речник контакт

Како театарот ќе се раздели од старата зграда

Се планира да се одигра претставата ,,Ноќите во бел сатен,, од Димитров, со чија претстава започнува да работи новата зграда

Петар Печков

Во велешкиот театар размислуваат на кој начин и како да се разделат од старата зграда каде  минаа децении работа. Повод за ова е преселбата во новиот театар. Токму поради ова театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот  не одржува претстави, бидејќи се во фаза на преселба.

Размислуваме на кој  начин симболично ќе се разделиме од стариот театар. Во опција е да ја одиграме претставата ,,Ноќите во бел сатен,, од Братислав Димитров. На овој начин симболично би завршиле со претстава од автор,  чиј текст ќе се игра на новата сцена – вели директорот Јордан Витанов. 

За 8-ми декември е најавено дека ќе се отвори зградата на новиот театар со претставата ,,Најважната работа на светот,, на Братислав Димитров а во режија на Љубиша Георгиевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »