Петар Печков
Објавено: среда, 02 март 2022
Како замина од Украина велешанецот Тодор Оцедов, кој живееше и работеше во Киев. Откако започна воената инвазија на Русија над Украина, Македонците кои таму беа ја напуштаа државата. За драматилното искуство како луѓето се спасувале заминувајќи во Полска, во следното видео.
Во Киев остана Игор Ангелов, со неговото семејство, сопругата и две годишната ќерка. Му било понудено да со неговото автомобил дојде до пункт, од каде во колона ќе заминат за Македонија, но тој објаснил дека таква можност е невозможна/.
„Со автомобилот кој го имам нема да стигнам да излезам од Украина а не да патувам толку километри до Велес. Ако има некоја можност да сопругата и ќерката бидат примени во некој конвој, ќе заминат, друга можност нема“ - кажа Игор.
Додаде дека претпладнево во околината на Киев било мирно, немало гранатирања, не се слушале сирени.
Tweet |