речник контакт

Камен темелникот за подземната катна гаража треба да се постави во средината на август

Најголемата инвестиција во градот треба да биде завршена следната година

Петар Печков

Камен темелникот за подземната катна гаража треба да се постави во средината на следниот месец,  најави градоначалникот Марко Колев а премиерот најави дека изградбата да заврши следната година. 

„Се приближуваме до котата на тампонирање  и кревање на подземната катна гаража. Поставени се сите шипови, колови, греди, имавме период на ист ископ. Го темпиравме овој период кога подземните води се најниски, за да ставиме камен темелник и означиме дека овој проект кој во поновата историја на градот, и финансиски и инженерски е најтежок да биде реализиран“ – рече Колев.

Во однос на катната гаража зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека таа може да биде завршена во текот на следната година.

„Многу сум задоволен што така наречената подземна катна гаража со плоштад, во центарот на градот , конечно ќе можеме да ја  почнеме ова лето и се надевам дека следната година да имаме функционална целина, што беше наш приоритет“ – порача Мицкоски. 

Подземната катна гаража ќе биде на три ката, со капацитет од 100 возила, во длабочина од 15 метри.  Ќе се изгради и плоштад, кој ќе се уреди, ќе се врати споменикот на Рацин, засадат нови дрвја и постави урбана опрема. Целосно овој капитален објект се гради со средства од Владата, обезбедени од Унгарскиот кредит. Договорот за првата фаза беше во вредност од 132 милиони денари а втората фаза од 91 милион денари.

И првата фаза, изградбата на подземна гаража и втората фаза изградба на плоштад, на јавен повик ги добија заеднички Делта пром и Стендон градба од Битола.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »