речник контакт

Каменот на среќата кај Св. Недела

Зошто велешани доаѓаат на оваа црква на празникот Св. Недела? Каква лековита моќ има каменот?

Петар Печков

 Во близина на Велес, над утоката на ректа Тополка во Вардар се наоѓа црквата Св. Недела Таа е една од повеќето, Св. Петка, Св. Никола, Св. Јован кои се наоѓаат во опкружувањето на манастирот Св. Димитрија.  Оваа црква два пати во годината оживува на Св. Тома и на Св. Недела.

Така беше и во саботата, кога бројни велешани дојдоа да запалат свеќа за здравје. Некои беа и петокот навечер, кога беше славата на црквата и се служеше вечера. Дел од гостите што доаѓаат тука, го посетуваат и каменот на среќата, други и не знаат за него. Тој се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

За овој камен знаеме по кажувањето на баба Деница кога бевме уште деца. Таа ни објаснуваше дека треба три пати да се мине низ него, низ овој отвор. Се мине за здравје пред се  болни дечиња како и за среќа. Треба да се мине три пати или еднаш. Овие места даваат помош ама треба да се има и силна верба во Бога.  Може да се дојде посета после празникот Св. Јован Крстител откако ќе се крстат водите, но никаков о време на пости – вели една посетителка, која  умешно се спушташе низ тесниот отвор.

Тоа го стори три пати. Но иако местото беше стрмно а веднаш под него е амбис и реката Тополка, објаснува дека до сега никој не се  повредил, не се лизнал или паднал.  Ниту даде рака на луѓето кои беа тука да  и помогнат да се симне, не требало помош од присутните, додаде таа. Некои од посетителите велат дека може  да си замисли и некоја желба додека  се мине низ камениот отвор. Сите храмови кои се околу манастирот Св. Димитрија се поврзани со некој мит, легенда дека се лековите  преку водите. Црквата .Св. Недела е поставена  на една нерамна карпеста височина, прилично стрма над брегот од реката Тополка.

Блиску е  до  „Калето" од Стариот Град Велес и, во свое време му служела како храм за овој локалитет. Црквата  изгледа како нова поради зачуваноста и надворешниот облик за разлика од фреските  кои според стручните лица  потекнува од време на византискиот период.

Кон црквата води една прилично стрмна патека. Црквата е  на шилеста карпа,  на височина од околу стотина метри и надвисната на реката Тополка од нејзината лева страна при самото нејзино устие во Вардар, а од источната страна над  пругата Велес — Гевгелија.   Велешани масовно ја посетуваат во првата недела по Велигден,  на Томина недела и на Св. Недела во јули.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »