Петар Печков
Објавено: четврток, 13 август 2015
Кајак патеката која започна да се гради на Вардар, кај Велес предизвика реакции од стручни лица. За нив е неприфатливо да се поставуваат камења, кои можат да влијаат на текот на реката, а при висок водостој да го оштетат мостот.
Со поставувањето на овие камења битно се влијае на текот на реката. Поради нив таа ќе оди лево или десно и ќе бара простор за да може количеството вода да мине. Сега е плиток и не е толку значајно, но во есен и пролет при големи водотеци, Вардар поради ново поставените камења ќе добие нов тек. Оваа големина на камења може да биде однесена и да го оштети мостот - вели стручњак, градежен инженер.
Тој смета дека кајак патеката може да предизвика штета по околината, по централното подрачје каде минува Вардар. Градоначалникот смирува, се било пресметано и безбедно.
Не работиме ништо без проект. Се што таму се поставува е по консултација со кајак работниците од Велес, кои имаат искуство. Нивен е предлогот каде и колку камења да се постават и да нема негативен ефект по промена на коритото на реката. Ние ќе постапиме како тие што бараат Ќе се носи и нова тура камења. Имаме соработка и со ЈП кое стопанисува со Козјак,за да можат багерите да влезат и ја постават патеката. Се работи професионално. Местото е одредено по барање на кајакарите. Нема да биде попречено течението на реката Вардар - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Тој најави дека по завршувањето на патеката, ќе се градат мини трибини на брегот на реката Вардар, за да може публиката да го следи натпреварувањето.
Неодамна започна изградба на кајак патеката на Вардар кај ,,Стариот мост" која е за диви води. и ке биде изградена по инструкции на кајак клубовите.
Tweet |