Петар Печков
Објавено: недела, 11 март 2018
Во неделата напладне, камион се преврте на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца.
На ден 11.03.2018 год во 13 часот на автопатот „Неготино-Градско“ кај м.в. Кукуричани случена е сообраќајна незгода во која дошло до слетување и превртување на страна на ТМВ марка „МАН“ со скопски регистарски броеви, управувано од С.С.(57) од Скопја, надвор од коловозот на лева страна во правец на движење и удар во метална еластична ограда во зелениот појас и дрворед помеѓу двете коловозни ленти, и запира на коловозните ленти за движење и престигнување на автопатот во двата правци. Во незгодата е повреден сопатникот Е.С.(57) од Скопје - изјавија од СВР Велес.
Завчера кај Кула камион налета во друг камион. Вчера камион удри велосипедист кај Градски базен.
фото: МИА
Tweet |