Петар Печков
Објавено: петок, 14 јули 2017
Четвртокот наутро околу 8 часот камион излетал од патот, паднал во амбис , возачот минал со тешки повреди, но е надвор од животна опасност. 24 часа по настанот СВР Велес излезе со информација. Најмногу работа имале пожарникарите додека го извадиле возачот од кабината.
На делницата од автопатот А-1 Градско- Велес пред „Дервенски мост“ е дојдено до сообраќајна незгода во која товарно влекач марка „Волво“ со рег.бр. КА 2750-АЦ сопственост на „Бранша транс“ дооел и полуприколка марка „Горица“ со рег. бр. ВЕ 740-ЈП сопственост и управувано од Б.Д.(49) од Кавадарци, удрил во металната заштитна еластична ограда, излегол надвор од коловозот и слетал во амбис. Возачот е пренесен во Општа болница - Велес каде се констатирани тешки телесни повреди и истиот е задржан на лекување – пишува во писмената информација.
Tweet |