Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 јули 2018
Напладне околу 13ч. се случи сообраќајка близу Велес, на магистралниот пат Велес- Штип, кај црната точка помеѓу Мамутчево и Каратманово . Во сообраќајката учествувале автобус кој превезувал работници и камион ладилник. Повредените патници се пренесени во велешката болница.
Околу 14ч. на хируршкото одделение донесени се 20 повредни патници од сообраќајка. 12 од нив се амбулантно третирани додека 8 лица се со полесни повреди. Нивната здравствена состојба се следи и се вршат претраги. Нема патници кои се во животно загрозувачка состојба - изјави портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес Весна Лазаревска.
Повредените биле згрижени со две амбуланти возила на велешката Итна помош, а дел од повредените пренесени се со приватни возила до Болница. Сведоци на сообраќајка велат дека е избегнат директен судир со катастрофални последици.
Автобусот од Велес возеше кон Штип а камионот во правец од Штип кон Велес. Местото е во кривина и камионот - ладилник прејде на другата лента, автобусот бегаше, бегаше и избегна за влакно. Малку требаше да удри директно во него, ќе беше катастрофа, вака мина со малиот ѓавол - вели очевидец на сообраќајката.
СВР Велес ја потврди сообраќајката и портпаролот Верољуб Додевски кажа дека на лице место се нивни екипи. Кажа дека во сообраќајката учествувал автобус со штипски регистарски таблички кој превезувал работници за Ван Хол и камион влекач со скопски регистарски таблички. Повеќе информации најави за подоцна.
фото посетители на ТрМр
Tweet |