Петар Печков
Објавено: петок, 21 октомври 2022
До пред пет години Велес беше при врвот во земјава, со вакцинација на децата од школска и претшколска возраст, со опфатноста од 95 до 98 отсто. Но неколку години наназад таа бележи пад, како и во другите градови во земјава,за да стигне до 80 отсто.
Но и со тој процент Велес е меѓу водечките општини во земјава. Падот се должи на засилената антиваксерска кампања која се води по социјалните мрежи.
„Се бележи пад посебно во вакцинацијата на децата од претшколска возраст и тешко се достигнува процентот од 95 отсто со кој ги заштитуваме од болести. Тоа се должи на сомнежите кај родителите, поттикнати од активни антивакцинални кампањи, од непроерени содржини на социјални медиуми, споделување на неточни и невистините информации меѓу самите родители. Делумно и во недоверба на здравствениот систем, за сомнежите за квалитетот на вакцините и нивниот квалитет и потекло. Како доктори ние ги запознаваме родителите за сите вакцини,разговараме со нив, ги информираме, едуцираме, одговараме на дилемите, за можни несакани реакции, за потеклото и рокот на вакцината“ - кажа д-р Маина Тодоровска од ЈЗУ Здравствен дом Велес.
За таа цел денес во Велес беше караванот за информирање и вакицинација, кој ќе посети осум града во земјава. Велес е третиот град.
Освен што се информираа за вакцинацијата, дел од граѓаните се пријавуваа за вакцинирање против сезонски грип, оти матичните не сакале тоа да го сторат. За оваа вакцина владее голем интерес, во првите два дена во Велес бесплатно вакцинирани биле 250 лица од здравствено ранливата категорија. Петмина граѓани ја искористија можноста и на пунктот се вакцинираа против ковид-19 со вакцината „фајзер“.
Караванот ќе патува низ градовите од Македонија за да им ги приближи информациите за вакцините на граѓаните од избраните локални заедници. Освен во Велес, денес тој ги посети и населбите Чашка и Бузалково. Карванот го организира Министерството за здравство, заедно со СЗО, УНИЦЕФ и УСАИД.
Tweet |