Петар Печков
Објавено: среда, 21 декември 2022
Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициската станица од општа надлежност Велес, реализираше две превентивни активности од кампањата – “Не користи петарди и пиротехнички средства“ и тоа во општинското основно училиште “Лирија“ од Бузалково и основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци.
„Целта на превентивната кампања е на најмладите да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божикните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните„ – нагласија од СВР Велес.
На учениците им биле поделени едукативни летоци за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника, изработени во соработка со УНПД, а полициските службеници од Отсекот за превенција реализираа едукативна презентација за превенција од употреба на пиротехнички средства на учениците од овие училишта.
Tweet |