Петар Печков
Објавено: сабота, 22 февруари 2014
Македонскиот фудбалски интернационалец Панче Ќумбев е заштитно лице на Општинската организација на Црвениот крст од Велес во борбата против срцевите заболувања. Тој како примерен спортист беше избран и се приклучи на промотивен штанд во кампањата која ја изведуваат докторите волонтери во Црвениот крст, како и подмладокот на оваа организација.
Здрава исхрана, здрав живот тоа основата во оваа кампања. Сведоци сме на бројни случаи на срцеви и мозочни дури, поради стресниот живот. Преку оваа кампања имаме за цел да го промовираме здравиот начин на живеење, со многу спорт, помалку цигари и алкохол. Да ја заборавиме брзаа храна и газираните пијалаци. Сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето, да го сменат начинот на живеење. Времето во кое живееме е со брзо темпо, но тоа не е причина да не се храниме здраво, да спортуваме што повеќе – вели Ќумбев.
Во рамките на кампањата пред споменикот на Рацин пред Гимназијата, се делеа балони во форма на срце, промотивен материјал за здрав живот. Во општина Велес од 54 илјади жители 18 илјади имаат повишен притисок. Возраста на пациените со срцеви заболувања се намалува кон помладите.
На денешниот настан се делат совети за здрав начин на исхрана, здрав начин на живот, фаворизирање на спортот и борба против пушењето. Младите се повеќе се пред компјутер, јадат брза храна, пржени компири, мрсни хамбургери а се помалку здраво овошје и зеленчук. Сето ова ќе има импликации во натамошниот живот. Кога тие ќе бидат возрасни луѓе ќе имаат повисок приток, проблеми со кардиоваскуларниот систем и затоа сакаме сега да го превенираме. Затоа сакаме да им го смениме начинот на живот. Се делат балони во форма на срце, се делат совети, диети и брошури. Резултатите ќе се видат од денешната работа ќе се видат по 20 -30 години и тие тогаш да немаат здравствени проблеми - изјави д-р Атанас Георгиев.
Tweet |