речник контакт

Камперите заминаа, шутот го оставија

Општината најавува дека ќе го исчисти сметот и отстрани неколкуте останатии приколки. Дел од досега отстранетите завршија во заштитеното подрачје на долна Бабуна

Петар Печков

Камперите од велешко езеро Младост си заминаа  а зад себе оставија градежен шут и смет. Тоа е доказ за нивното повеќе годишно присуство на овој рекреативен дел, дека тука беа со години а сега си заминаа.

Зад нив остана се што беше придружни простории и објекти а тие ги користеа. Тука се и градините со градинарски производи. Ова е сведок на дивата камп населба која локалната власт побара да се дислоцира, бидејќи тука мине водоводната мрежа со која околните угостители и населби ќе се снабдуваат со вода за пиење.

За ова општината се задолжи за 800 илјади евра кај Светска банка. Грдата слика што сега е присутна по крајбрежјето, ја осудија од локалната власт.

Разочарувачки и загрижувачки е колку смет оставија камперите. Висинска депонија од отпад, кој  ни малку не е пријатна слика. Ако камперите се луѓе кои се грижат за околината, тогаш  како можеме да ги наречеме гостите кои со години беа тука се декларираа за кампери а погледнете што оставија зад себе – изјави Мартин Мајсторов портпарол на општина Велес. 

Од локалната власт најавуваат дека наскоро преку комуналната служба депонијата и сметот ќе бидат расчистени. Тогаш ќе бидат отстранети и неколкуте приколки што останале а сопствениците се уште на ги кренаа. Оваа дива населба опстојуваше десетина години иако немаа вода, канализација а беше поставена на државно земјиште, без дозвола за негово користење.

Стотината сопственици најавуваа дека нема да се иселат од просторот, кој се планира да се продава за камп населба. Дел од нив приколките ги поставија во дивата населба покрај реката Бабуна, која е прогласена за заштитена зона. 

Жртва освен дивата  камп населбата заради изградбата на водоводот, беше и голема борово шума. Минатата есен беа исечени 1.250 зимзелени дрвја а потоа беа насадени исто толку но на нова локација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »