речник контакт

Капитенот Пандев со порака „ова е генерација што ја обедини цела Македонија“

Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас, навивајте за Македонија!

Петар Печков

Горан Пандев, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, учесник на Европското првенство, денес, недела  во 18ч. го има првиот натпревар, проти Австрија. Еве ја неговата порака.

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »