речник контакт

Караколева со солистичкиот концерт ја воодушеви публиката во родниот Велес

Пееше дела од Моцарт, Шопен, Пучини, Верди а во програмата беше застапен и џезот со дела од Гершви

Петар Печков

Оперската певица Вероника Караколева во Ликовниот салон во Велес, саботата вечер, одржа концерт пред своите сограѓани. Присутните  нејзиниот настап и репертоар го  наградија  со долг и силен аплауз. 

Таа пееше дела од Моцарт, Шопен, Пучини, Верди а во програмата беше застапен и џезот со дела од  Гершвин. Вероника беше придружувана од  пијанистката професорка  Дилек Реџеп.

Вероника Караколева по концерт  го изрази задоволството  од  настапот и од  реакциите на публиката.

„Јас како уметник и перфекционист каква што сум, задоволна сум од концертот иако секогаш може и повеќе. Во оваа професија, само еден процент е талент а 99 отсто е работа“ - кажа Караколева.
Во однос на репертоарот објаснува дека за секој концерт има различен,во зависност од публиката и со кого настапува,дали со пијанист или со оркестар.
„Мојот глас се движи кон Бел Канто пеењето,  најмногу ме влече кон Италија,а и мојот драмскиот сопран ме влече таму. Каде ќе биде мојата професионален ангажман од ден во ден се менува, но сепак натаму ме води мојата цел“, вели  Караколева.

Таа   дипломирала  на Националната музичка академијата во Софија, „Професор Панчо Владигеров“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »