Петар Печков
Објавено: петок, 22 ноември 2013
Велешанецот Миле Манчевски, македонски каратурист во Ликовниот салон во родниот град ја отвори неговта четврта самостојна изложба, во изминатите три години. Сите се на различни теми, работени во различни техники.
Како ја доживуваш оваа твоја работа, кога карикатура и автори има се помалку во земјава?
Пораката која преку цртежите, хуморот,сатирата ја испраќаме, има суштина, понекогаш може да биде горчлив коментар за сегашноста и често предвидување за иднината. Нашите цртежи предизвикуваат полемики и жестоки реакции.
Што беше причината што така силно се појави последните пет години, со твои самостојни изложби, иако ова што го работиш има стаж од безмалку три децении?
Ако се анализираат темите, се гледа дека тие се актуелни секоја по себе во времето кога е создавана. Последната тема е нашата мака што долги години наназад не мачи, нашиот влез во ЕУ. Цртежите ги работев година наназад. Создадов околу 220 дела а на публиатка и претставувам 50-тина.
Карикатурата носи порака, како таа ќе стигне до читателот, гледачот?
За жал во Македонија има се помалку весници кои објавуваат карикатури. Ние неколкумина карикатурсти што преживеавме, останавме живи на ова поле, ги пласираме по портали, преку изложби, се трудиме карикатурата да стигне до народот. Афоризмот, карикатурата, хуморот, сатирата по себе се специфични. Освен она првото што не насмејува, во себе носат и скриена порака. Таа може да биде остра, поучна, афирмативна. Или јас тоа што го мислев го нацртав, останува на гледачот како ќе ја доживее карикатурата.
Колку време се бавиш со карикатура, кој е мотивот?
Со карикатурата сум цели 29 години. Тоа не е мое занимање, но мое хоби, дел до живитот кое ме исполнува. Од неа немам материјална корист, а имам материјални трошоци. Задоволство е што оваа изложба ќе замине во повеќе македонски градови, но и пошироко по Балканот.
Tweet |