речник контакт

Карневал, денови под маска во Венеција

Првиот пишуван податок за користење на маски во Венеција потекнува од 13 век, во документот со кој се забранува носење на маски за време на коцкање

Петар Печков

Годинава, карневалот во Венеција  се одржува од 31јануари до 17 февруари. Навиката на граѓаните на Венеција да се кријат зад маски, од една страна потекнува од некогашниот строг систем на класна поделба и големите можности за забава и пороци, од друга страна, пак, граѓаните им се оддавале криејќи се зад маските. Во 13 век бил донесен закон што забранувал носење на маски при коцкањето. Подоцнежните правила забранувале маски во манастирите и за време на религиозните фестивали. На крајот многу полесно било да се наведе кога смеело да се носат маските: од денот на Свети Стефан (третиот ден на Божик) до вторникот, пред пепелната (чиста) среда, т.е. во периодот познат како „карневал“, а се однесува на забраната на црквата да се јаде месо во време на големиот пост. 

Кога паднала под австриска власт, во Венеција било забрането одржување на карневали од 1797 година, а употребата на маски била строго забранета. Меѓутоа, традицијата на прослави полека се враќа во текот на 19 век, за време на кратките периоди и главно се сведувала на приватни балови. 

Карневалот се вратил на голема врата дури во 1979 година, со одлука на италијанската влада. Денес, во времето на карневалот, Венеција ја посетуваат околу 3 милиони туристи. Еден од најважните настани е натпреварот за најубава маска, која се случува за време на последниот викенд на карневалот, а во жирито учествуваат меѓународни модни стручњаци и дизајнери на костими.

Покрај за време на Карневалот, било дозволено да се носат маски и за време на Вознесението, и од 5 октомври до Божик.

„Машерарите“, занаетчии кои правеле маски, имале посебно место во општеството и имале свое еснафско здружение. Оригиналните маски, направени од кожа, порцелан или стакло, биле со едноставен дизајн и едноставно украсени и често имале симболичка и практична функција. Денес се прават од глина или од исклучително тенки златни ливчиња, кои служат за позлатување, рачно се сликаат и се украсуваат со пердуви и скапоцени камчиња.

Првиот пишуван податок за користење на маски во Венеција потекнува од 13 век, во документот со кој се забранува носење на маски за време на коцкање. Вториот закон, од 1339 година, им забранува на граѓаните да носат вулгарни маски и да се посетуваат манастири со маска на лицето. Истиот закон, исто така, забранува цртање на лицето или носење на лажни бради и перики. Пред крајот на Венецијанската Република, носењето на маски во секојдневниот живот било строго забрането.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »