Петар Печков
Објавено: вторник, 13 март 2018
На регионалниот пат Велес - Градско, на излезот од Велес, утрово падна карпа. Тоа е во близина на мостот на реката Тополка а карпата паднала од т.н. Цуцка,,.
Во СВР Велес во 8,30ч. е пријавено дека е падната карпата. Од 8,30 во застој е патничкиот сообраќај и сите возила се пренасочуваат од Велес за Градско, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци и Неготино, и обратно преку автопат.
Еден блок карпа паднал и на железничката пруга Велес- Гевгелија. Така се до отстранување на камениот блок, железничкиот и патниот сообраќај на оваа релација ќе бидат во прекин.
Нема информации дека при паѓањето на карпата има повредено минувачи.
благодарност до посетителите на ТрМр кои ги испратија фотографиите
Tweet |