речник контакт

Карталов хуманитарец, Бајровиќ пожарникар, Петровски полицаец, Силјановски комунален работник за 2025 година

Локалната власт традиционално ги награди највредните за оваа 2025 година.Признанија и за велешани кои несебично се ангажираа на 16 март во Кочани

Петар Печков

На свечена седница на крајот од годината, Општина Велес  ги наградува најуспешните  за годината што изминува, за 2025. Се испорача и честитката за Новата 2025 година, од заменикот градоначалник Елизабета Митревска Анѓелеска.  

„Ви посакувам многу здравје, бидејќи тоа ни е најпотребно. Без здравје сме ништо, здрав човек е среќен човек. Да бидеме подобри луѓе во периодот кој следува“ – порача Митревска Анѓелевска. 

Taа кажа дека со овие признанија, на добитниците им се дава рака за нивниот ангажман и што  ја направиле горда општина. 

Годинaва признанија добија Звонко Карталов  хуманист на Велес со најмногу крводарувања 117,    Нихад Бајровиќ најуспешен пожарникар,  Игорчо Петровски за најуспешен полициски службеник  и Зоран Силјановски-раковдител на оддел градежништво при сектор водовод во ЈКП Дервен за  најуспешен комунален работник. 

Признанија добија и Орце Николов од ОО на Црвен крст Велес, д-р Лили Чолакова Дервишова матичен лекар, д-р Гоце Бузалков и Петар Печков, за нивниот ангажаман на 16 март во Кочани.
 
На свеченоста  беа доделени и стипедниите за ученици и студенти.

Беа врачени и признанија за вработени од Општина Велес, кои годинава одбележуваат јубилеј 20 и 10 години работа, како и за пожарникарите со 20 години работен стаж. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »