Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 октомври 2011
МЕТРУДХЕМ д.о.о.е.л.,Скопје
Друштво за производство и трговија
Партизански Одреди Бр. 62-2/19
00 389 (02) 30 90 540 факс 00 389 (02) 30 90 541
До
Министерство за животна средина и просторно планирање
Управа за животна средина
Ул. Гоце Делчев бб.
1000 Скопје
Предмет: Доставување на Известување на намера за изведување на проект и барање за
определување на обемот на оцената на влијанието на проектот топилница за олово и
цинк Велес, општина Велес врз животната средина
Почитувани,
Ве информираме дека Инвеститорот МЕТРУДХЕМ од Скопје има намера повторно да го
воспостави производството на олово и цинк, користејќи ја локацијата и инфраструктурата
на Топилницата за цинк и олово во Велес, која престана со работа во јули 2003 година.
Производството во Топилницата за олово и цинк „Злетово“ е прекинато во јули 2003
година. Во текот на минатите (скоро 8) години голем дел од објектите и опремата се
руинирани и неможе да се инсистира на тоа дека на локацијата има постоечка
инсталација. Затоа Проектот за производство на олово и цинк ќе се третира како проект
за нова инсталација.
Согласно член 5, точка 36 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05,
81/05, 24/07, 159/2008, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11) е дефиниран терминот Постоечка
инсталација и со оглед на тоа дека предметната инсталација не ги исполува условите од
оваа дефиниција, а согасно на принципите дефинирани во поглавје II (Начела на заштита
на животната средина), неопходно е да се спроведат процедурите дефинирани со член
76 и 77 од Поглавје XI (Оцена на влијанијата на определни проекти врз животната
средина) и член 95 од Поглавје XII (Интеграни Еколошки Дозволи за работење на
инсталациите кои што влијаат врз животната средина).
Проектот вклучува активности за добивање на обоени метали.
Проектираниот предлог е
вклучен во Прилог I од Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на
влијанието врз животната средина (Сл.весник на РМ бр. 74/05) точка 4 со наслов:
Инсталации за производство на сурови обоени метали од руда, концентрати или
секундарни суровини, со металуршки, хемиски или електролитски процес.
Согласно членот 80 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05,
24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11 година) и релевантната секундарна регулатива,
Ви доставуваме Известување за намера за спроведување на проектот, вклучувајќи
пополнет Преглед со кој се утврдува потребата од оцена на влијанието врз животната
средина. Дополнително, во согласност до членовите 81 и 82 од Законот за животна
средина, со овој допис бараме Вашата институција да го определи обемот на оцена на
влијанието на проектот врз животната средина.
За таа цел, во прилог на ова барање Ви
доставуваме пополнета Листа на проверка за определување на обемот на оцената на
влијанието врз животната средина.
Со почит,
Метрудхем дооел, Скопје,
Управител,
Тони Димитриоски
Tweet |