речник контакт

Катлановско блато, природна реткост

Близу до Велес е оваа природна реткост,а што знаеме за неа?

Петар Печков

 Катланово го добило името од Турците, кои го викале овој предел каплан, што значи тигар. Христијанското население наместо каплан, го викало местото катлан. По извесно време зборот бил модифициран во Катланово или Катлановски Бањи.

Катлановскиот предел зафаќа површина од 5.542 хектари. На овој простор има отворена пукнатина од неотектонско потекло, низ која извираат терминални води. Уште во римско време таму биле изградени мали, отворени базени. 

Катлановското блато во 1965 г согласно “Законот за заштита на природните реткости” е ставено под заштита. Овој специјален резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) се спомнува во документите од историско значење и како објект кој имал фортификациско значење, бидејќи претставувал пречка за премин низ Таорската клисура. Во повелбите (грамоти) издадени по повод обновувањето на манастирот посветен на свети Ѓорги-Горга, што бил по течението на реката Серава, е речено: “Катлановското Блато и е подарено на црквата Св. Горѓија, со ловиштето за риби и другиот дивеч”. Во грамотата е забележано и следново: “Кој ќе влезе во ловиштето без игуменово одобрение да биде проклет од бога и да плати 8 перпери во државната каса”. 

 

По ова се наметнува заклучокот дека уште од 11 век користењето на Катлановското Блато било регулирано со претходно добиено одобрение од црквените власти, а за секое друго користење била изрекувана казна. Големите количини риба во Катлановското блато, на жителите од селата, со лов, им овозможувало зимата да ја минат безгрижно, неколку каци во визбите од селските куќи биле полни со посолена риба. Пред да почне мелиоrizацијата, Катлановското блато било попатно сопирно одморалиште на птиците преселници, кои доаѓале пред да настапи зимата и тоа од север во правец на југ-Солун, и подалеку до северниот дел на Африка. 

Напролет, птиците преселници, кои летаат во правец на северниот дел од Европа, се враќаат каде што и гнездат, повторно низ широкото Катлановско Блато доаѓале да се одморат. По одморот, водени од вродениот инстинкт, да се вратат од каде што и дошле, летаат во правец на северниот дел од Европа. Во Арачиновското и Катлановското Блато, се до неодамна зимуваа јато на мали пловки (Anas platyrhynchos) кои го надминувале бројот од 2000, доаѓале од 1500 жерави (Grus grus), сивата чапља (Ardea cinerea), црвената чапља (Агdeа purpurea), обичната пловка трскара (Anas platyrhynchos), шамачката гуска која се гнезди (Anser anser) од грабливките над трската кружи барската луња (Cirkus aeruginosus) најголем непријател на сите видови мочварни птици, и големиот број на штркови (Ciconia ciconia). 

 

Во минатото е утврдено дека во скопската котлина живееле над 240 видови птици, а од кои 160 видови биле гнезделки, додека во мочуриштето гнезделе над 60 видови птици. Поранешната врска што постоеше на релацијата од реката Вардар до езерцето, кое е окружено со трска, прекината е и со тоа оневозможено е крапот (Cyprinus caprio) кој е во реката Вардар да се мрести, во водите што се во границите на заштитениот локалитет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »