Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2009
Со оваа книга Кацаров ни се претставува како раскажувач со искуство, мајстор на својот занает, со негуван, култивиран и изграден прозен израз. Книгата ја сочинуваат 27 раскази тематски обединети околу ликот на таткото. Станува збор за еден вид семејна проза напишана во вид на сеќавање каде временската дистанца помеѓу случениот настан и времето на раскажување го детерминира и погледот на раскажувачот, а со тоа и неговиот систем на вреднување, рече Старова. Добитникот на високото Рациново признание Трајче Кацаров истакна дека оваа му е прва награда и затоа му е уште позначајна. Наградата свечено ќе му биде врачена во рамките на овогодинешните 46 Рацинови средби, од 11 до 13 јуни во Велес. За ова високо Рациново признание на конкурсот пристигнале 17 прозни книги што претставува дел од севкупната годишна продукција. Во најтесен избор влегле три книги, „Ако даде господ“ на Братислав Ташковски, „Писмо до саканата“ до Мето Јовановски и „Татко и отец“ Трајче Кацаров
Tweet |