речник контакт

Кацаров пред велешката публика со неговата најнова книга

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КАЛЕНДАР ЗА ГОДИНИТЕ ШТО ПОМИНАЛЕ“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ

Петар Печков

Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со Општина Велес, ја организираше промоцијата на најновото книжевно новороденче од мајсторската работилница на Трајче Кацаров - „Календар за годините што поминале“ во издание на издавачката „Дијалог“.

Промоцијата се одржа во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и започна со читање и неколку песни од Кацаров  од страна на Игор Крајчев, со што сакаше да им се доближи на присутните промовираниот автор.

Промотивниот говор за книгата беше дело на Христо Петрески кој се темелно се осврна на ова книжевно дело во кое препозна една нова креација на Кацаров која ја нарече - колумна есеј. Своја реч имаше и авторот кој им се заблагодари на присутните и топло ја препорача книгата „Календар за годините што поминале“ и истата ја нарече книга за сите времиња.

Со промоцијата на оваа книга продолжува праксата на промовирање на врвни дела од врвни македонски автори во велешката библиотека, пракса која ќе продолжи и во текот на  годинава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »