речник контакт

Кај велешанец дома пронајдени пари, за кои постои сомневање дека ќе се користеле за изборен поткуп на гласачи

A.М.(35 год) бил приведен и по обавениот разговор во полиција пуштен е дома

Петар Печков

Кај велешанец дома пронајдена поголема сума пари, која надлежните сметаат дека ќе била искористена во поткуп  за вонредните парламентарни избори.  Со обезбедена наредба од јавно обвинителство полицијата извршила претрес во домот на сограѓанинот, во близина на скривницата кај  Читкушева Чешма. 

На 13.07.2020 во 21.30 часот во Велес, на ул.„Стефан Богоев“, од полициски службеници од СВР Велес, во врска со кривично дело по член 162 од Кривичниот законик – „поткуп при избори и гласање“, од слобода бил лишен А.М.(35) од Велес-  информриаше Верољуб Додески портпарол ан СВР Велес.

По извршениото распит лицето било пуштено дома. Неофицијалната сума  пари пронајдена дома кај А.М. била десет илјади евра.   

Полицијaта  презема мерки за целосно расчистување на настанот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »