Петар Печков
Објавено: среда, 11 јануари 2023
Во текот на изминатата ноќ , вторник/среда, на железничката пруга, од Маџари во правец кон Скопје е украден е просторен сигнал и 300 метри кабел. Материјалната штета се проценува на 25 илјади евра.
„При редовна контрола на стручните служби на ЈП МЖ Инфраструктура констатирано дека е украден СТ кабел, кој служи за телефонија и за сигнализација. Случајот е пријавен во МВР, нивна екипа беше на терен и изврши увид. Направена е голема материјална шета“ - кажа Никола Марков, помошник директор за сообраќај на ЈП МЖ Инфраструктура.
Среќна околност е што во тој период немало железнички сообраќај, па неможел да се случи инцидент. Од „Македонски железници“. додаваат дека се крадат делови од колосек, шини и свртници кои директно ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот.
Бараат од МВР да ги открие крадците и тие да се гонат кривично, а не да поминуваат само со прекршочни пријави.
Железничкиот сообраќај, патен и товарен се одвива непречено.
Tweet |