Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2026
Вчеравечер во автомил на велешанед а потоа и во неговито дом, пронајдени се материи, за кои постои соменвање дека е дрога. Истите се дадени на вештачење кое треба да открие за дали и каква дрога станува збор но и за количината.
„На 29 октомври во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49 год) од Велес. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, откако ќе биде потврдено дека поседувал дрога, против него полицијата ќе поднесе кривична пријава по брза постапка.
Фото МВР
| Tweet |






