Петар Печков
Објавено: четврток, 06 април 2023
Во текот на вчерашниот ден, среда, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршиле претрес во дом на М.П. (27 год) од Велес.
“При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола. Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери“ - соопштија од МВР.
М.П. бил лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него полицијата ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Велес.
Tweet |