Петар Печков
Објавено: петок, 11 март 2022
Во дом на велешанец, дворот и автомобилот пронајдена марихуана и пари за кои се сомнева дека е со потекло од продажба на дрога. Полициски службеници од СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, денес, петок, иѐвршиле претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28 год ) од Велес.
„При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот. Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога“ -соопштија од МВР.
Н.Ц. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Tweet |