Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2022
Вторникот напладне, велешанец е уапсен во близина на Македонски брод, како со себе има пари во вредност на 110 илјади евра, во домашна и странска валута. За нив немал никаква потврда. Повеќе детали од информацијата на МВР.
„На 6 септември околу 12.12 часот на патот Македонски Брод –Прилеп, на место викано „Суводолска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола - Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода М.Н.(52 год) од Велес. При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда“ - информираа од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |