речник контакт

Кај велешанецот приведен за „Јавна соба 2“ пронајдена детска порнографија во неговиот мобилен телефон

При вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видео записи со детска порнографија

Петар Печков

Велешанецот  кој на 28 јануари годинава, беше приведен од страна на полицијата, како можен учесник во групата Јавна соба 2, при преземените дејствија било констатирано дека во неговиот мобилен телефон има детска порнографија, поради што против ова лице ОЈО Велес започнало истрага.

„Во Основното јавно обвинителство Велес во врска со „Јавна соба 2“ оформен е предмет и донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видео записи со детска порнографија“ - соопштија од ОЈО Велес.

Мрежата Јавна соба на Телеграм, стана дувло во кое членовите споделуваат порнографски фотографии и видеа, имиња, адреси, телефонски броеви и профили од македонски девојки. Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ имаше повеќе од 6.500 членови и беа споделени околу 10.000 фотографии и видеа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »