речник контакт

Кај велешка фирма констатирани неправилности во складирање на искористени возила и нивни делови

Државниот инспекторат и ДТУ АБ-МЕТАЛ ТРЕЈД 2021 ДОО ВЕЛЕС. водат постапка за спогодување по изречената казна

Петар Печков

На 22 ноември бил извршен вонреден инспекциски во правниот субјект  ДТУ АБ-МЕТАЛ ТРЕЈД 2021 ДОО ВЕЛЕС.  од страна на државната инспекторка за животна средина Биљана Шуркова- Манаскова, Канцеларија Велес при Одделението за инспекциски надзор во животната средина -Вардарски и Југоисточен регион.  

„Со Записник  е констатирано дека согласно член 132 став (1) точка 15 од Законот за управување на отпад правното лице не ги исполнува условите согласно дозволата за управување со отпад, а за одговорното лице е утврден прекршок согласно член 132 став (2) од претходно наведениот Закон. Правниот субјект спротивно на издадената дозвола врши прием и складирање на искористени возила и нивни компоненти кои не се одобрени во дозволата издадена од МЖСПП“ - соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Поради констатираните неправилности,  бил изготвен  Записник за спроведување на постапка за спогодување кој е потпишан и истиот е процесуиран до Комисијата за спогодување при МЖСПП на понатамошно одлучување.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »