Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 јануари 2023
Саботата вечер, при рутинска контрола, полицијата кај двајца млади велешани нашла марихуана и хартија за виткање на џоинт.
„На 21.01.2023 во 22.50 часот во Велес на крстосница кај Башино Село од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле лишени од слобода Д.М.(29 год ) и Б.Д.(30 год) двајцата од Велес, кои биле во патничко моторно возило “цитроен“ со велешки регистарски ознаки, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли“- соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.
Tweet |