речник контакт

Кај локалитет „Стоби“ починало непознато лице откако добило струен удар качено на вагон

Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години.

Петар Печков

Неделата наутро на  кај локалитетот Стоби, се случила железничка несреќа, кога  непознато лице починало од струен удар, качен на кров од вагон.  Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години. МВР со детали  за настанот.

„На 10 септевмри, недела, во 08.20 часот е пријавено дека кај локалитет „Стоби“, во близина на железничката станица „Градско“, едно лице, најверојатно илегален мигрант, кое било качено на контејнер на товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, при обид да го напушти возот, дошло во допир со железничкото струјно коло и добило струен удар“ - соопштија од МВР.

На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош од  Велес а докторот  констатирал  смрт.

За случајот бил  известен Јавен обвинител, а полициски службеници од Полициска станица Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ излегле на местото на несреќата.

фото архива ТРМР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »