Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2019
Во текот на вчерашниот ден, среда, 8-ми мај на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачите и возилата учесници во сообраќајот. Кај возачите контролирани во градот не биле користени свтела, немале возачка или им била мината, не биле врзани со безбедносен колан, зборувале на мобилен.
Во Велес, од контролираните 33 возила, седум биле неисправни. На подрачјето на СВР Велес контролирани се 92 возила и констатирани се 19 прекршоци. во Кавадарци, од 28 контролирани, шест биле неисправни и во Неготино, од 31 контролирано возило, шест биле неисправни - соопштија од СВР Велес.
Против сите кај кои има констатирано прекршок, ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Tweet |