Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 октомври 2022
Пожарот кој два дена гореше во реонот на село Војница, Општина Чашка е локализиран, информираа од Центарот за управување со кризи. Започна сабота во 15,30 ч. а беше изгаснат неделата во 10,50ч.
Горела смрека, даб и трн. На огнот интервенирале пет вработени од Шумското стопанство Бабуна од Велес и тие биле на терен до неделата попладне до 17ч. Опожарена била површина од 5 хектари.
„Ангажираните на терен укажуваат дека во внатрешноста на пожарот се уште има по некој трупец кој чади. Опожарената површина ќе се утврдува во текот на денешниот ден“ - соопштија од ЦУК.
Од ТППЕ Велес, известуваат дека недела попладне во период од 17:23 до 18:55 часот, со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште на површина од околу еден хектар помеѓу селата Мамутчево и Иванковци.
фото архива илустрација
Tweet |