Петар Печков
Објавено: вторник, 13 декември 2022
Во дом на Српски државјанин, со времен престој во Велес, полицијата пронашла оружје и муниција.
„На 12 декември во 15.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(37 год) од Република Србија, со престој во Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм“ - соопштија од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Во друг случај полицијата фатила крадец при обид за кражба во црква во Велес.
„На 12 декември во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30 год) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека тој на 10.12.2022 од истата црква одзел пари“- информираа до МВР.
Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случаите против него полицијата ќе биде поднесе соодветна пријава.
Tweet |