Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 август 2015
На кајак патеката Колна, близу Краков изминатите денови се одржа Европското првенство во кајак слалом, за јуниори и до 23 години. На него меѓу 250 учесници од 30-тина држави беа и петмина македонски репрезентативци, сите велешани.
Тие учеството го завршија уште на почетокот, првиот ден. Кај јуниорите во К-1 Александар Златаров во првото возење беше 36-ти а во второто 21, Виктор Миланов беше 41-ви и 26-ти додека Енис Небиовски беше 42-ри и 19-ти.
Во првото возење учествувале 48 натпреварувачи додека во второто 20 помалку или 28 , без тие што се пласирале во полуфиналето. Овие тројца возеа и екипно 3хК-1 каде од 16 селекции беа последни 16-ти.
Се натпреваруваа и двајца репрезентативци до 23 години возраст во К-1. Борче Мирчевски кој првото возење имаше резултата за 40-то место а во второто беше 25-ти, додека Игор Стефановски беше 42-ри со 29-ти. Во првото возење учествувале 51 натпреварувач а во второто 31.
Кај јуниорите европски првак стана Нико Тестин од Словенија, додека за категоријата на возраст до 23 години Јири Прскавец од Чешка.
Tweet |