речник контакт

Кајакарот Петрушев на прием кај Мојсовски за освоеното 4-то место на ЕП за јуниори во кајак

Со постигнатите резултати Петрушев треба да добие стипендија дали од Агенцијата за млади и спорт или од МОК, за млад и надежен спортист, за со неговиот талент прерасне во кајакар од европски и светски ранг

Петар Печков

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за Ангел Петрушев,  кој на ЕП за јуниори  го освои 4-тото место. Тоа е највисока пласман нa еден македонски кајакар на Светско, Европско првенство или Светски куп. Токму заради тоа Петрушев  кој има 18 години е  големи талент на  македонскиот кајак слалом на диви води. ЕП се одржа во Чешка.

За потсетување Ангел Петрушев од Кајак клуб „Вардар” од Велес, во конкуренција на 51 натпреварувач го освои одличното четврто место во дисциплината К-1 слалом. 90 стоти делови од секундата го делеа од медал.

Претходно Петрушев учествуваше на Светското првенство кое се одржа во Иври Италија, каде во јуниорска конкуренција го зазеде 19-тото место.

Од следната сезона тој ќе вози во возрасна категорија У-23.

 Но со постигнатите резултати Петрушев треба да добие и стипендија дали од Агенцијата или од МОК,  за млад и надежен спротист,  да може со неговиот талент кој неоспорно го поседува, да прерасне во кајакар кој ќе постигнува резултати со кој Македонија ќе се гордее. Како овој во Чешка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »