Петар Печков
Објавено: сабота, 28 декември 2019
Кајакарот Ангел Петрушев, член на ККК Вардар е спортист на Велес за 2019-та година, додека клуб на годината е ФК Борец 1919. Така одличија членовите на Сојузот на спортови на Велес. Годинава се избираше по јубилеен 60-ти пат за исто толку години. Иако има 15 години тој е вицепрвак на Македонија во К-1 слалом на диви води, најмлад победник на меѓународниот слалом куп - ИКАС, учесник на Европското првенство во сениорска и јуниорска конкуренција и на Светското првенство во сениорска и јуниорска конкуренција.
Годинава како новина немаше рангирање на првите десет спортисти на Велес и на оваа листа се најдоа - Георги Бановски, каратист, Кристијан Ванчевски - велосипедист, Драган Ванов - мотоциклист,. Ненад Антиќ - стрелец, Ѓоре Црнушев - фудбалер на ФК Превалец, Ѓоре Цветков- одбојкар, Бошко Ивковиќ -кошаркар, Ѓоре Ѓоргиев - фудбалер на ФК Борец , Љубомир Спасиќ кајакар и Виктор Ванчевски - велосипедист. На листата најуспешни екипи, во категорија сениори се најдоа и "МВК Велес" и Кајакарскиот клуб "Бабуна".
Во категорија сениори, за тренер на годината беше прогласен Горазд Михајлов. За амбасадор на велешкиот спорт , велешанец кој настапува во странство беше прогласен ракометарот Деан Манасков. Признание за посебен придонес за развој на спортот во Велес доби претседателот на ФК Борец 1919 Кочо Анѓушев.
За најуспешни млади спортисти беа прогласени: Ангела Димова - кајакарка, Филип Сиљанов, ракометар, Рузѓар Асановски - боксер, Мартина Арсовска, каратистка, Андреј Ковиловски, кошаркар, Ердинч Зејнелов - борач, Мартин Мазнев, кајакар, Елена Џунова, тенисерка, Валерија Крстева, кајакарка, Ивона Србова, одбојкарка, Благој Марковски, велосипедист, Лука Бацковиќ, каратист, Стефан Рибарски, кајакар, Сури Усеинов, боксер, Лазар Стојанов, ракометар, Филип Јованов, одбојкар, Луси Атанасова, тенисерка, Ива Донева, одбојкарка, Каменчо Андоновски, фудбалер и Александар Ристовски, кошаркар.
Во младинска конкуренција за најуспешен тренер беше прогласен Димче Стефановски. Најуспешни младински клубови: Кајак Кану Клуб „Вардар”, Карате клуб „Гладијатор” и Градски одбојкарски клуб „Борец”.
Во останатите категории наградите ги понесоа: Најуспешно училиште: ООУ „Васил Главинов”, најуспешни спортски педагози се Кирил Манев, Ангелче Гушев и Златко Гуцев, посебно признание доби Сојуз на инвалидизирани лица, спортски работник: е Трајче Станковски – Даскалот, спортска манифестација е „Мототрка Ендуро 2019 Велес”, најдобри ракометни судии се Петре Климкаров и Благој Петров и најдобар карате судија е Климентина Војдиновска.
Tweet |