Петар Печков
Објавено: вторник, 26 септември 2023
Минатиот викенд се одржа СП во кајак на диви води, на олимписката патека во Лондон,. Тоа беше и изборен натпревар за учество на Олимписките игри во Париз следната година. Поради повреда македонската надеж, кајакарот Ангелче Петрушев не учествуваше.
„На ЕП во Краков кое се одржа кој крајот на месец август, Петрушев во трката кајак крос, нова олимписка дисциплина, во која има меѓусебни удри меѓу учесниците, се здоби со повреда. Првичните проценки беа дека е посериозна, но подоцна лекарските прегледите покажаа дека станува збор за повреда, која треба да мине одреден временски рок за да се санира. Поради ова тој го пропушти СП во Лондон, изборно за Олимпијадата во Париз. Но пред него се нови натпревари следната година, тој е млад и има време да го покаже неговиот квалитет, кој неспорно го поседува“ - рече тренерот Димче Стефановски.
На ЕП во Краков во кајак крос дисциплината Петрушев веслаше одлично, се пласираше во четврт-финалето, кaде поради повреда се откажа.
Tweet |