речник контакт

Кајакарот Петрушев со 15 години го освои ИКАС

Предноста на фудбалерите на Борец се топи, футсал екипата на Велес победи и во првенството и во Купот, ракометарите поразени, кошаркарите со победа се разделија од гледачите

Петар Печков

Ангелче Петрушев е победник на 51-то издание на ИКАС - Илинденски кајак слалом, кој викендов се возеше на Матка. Тој возеше К-1 слалом на диви води и  со неговите 15 години е најмладиот победник во досегашната историја на ова натпреварување, кое годинава собра учесници од десет држави. Тој за две и пол секунди иако имаше и два казнени поени, беше подобар од второпласираниот.  Трет на ИКАС беше Борче Миревски член на ККК Бабуна од Велес кој зд победникот заостана за 2,58 сек.

Футсал екипата на КМФ Велес, се уште актуелен шампион победи во Штип во разигрувањето за титулата против КМФ Астибо со 4:8. Но предноста која скопјани ја имаат 12 бода на три кола до крајот, е недостижна така што футсал екипата на КМФ Шкупи е нов шампион. Во следното коло во Велес гостува екипата на КМФ Железарец. По изгубената титула, велешани плановите ги префрлија на купот и негово освојување.  Во средата се играа осмина-финалните натпревари од футсал Купот. КМФ Велес гостуваше во Свети Николе и против второлигашот КМФ Овче Поле победи со 4:8 и се пласира во четврт-финалето. 

Лидерот во Втората лига Исток ја топи предноста која ја имаше. Откако одигра нерешено, без голови во Радовиш, против ФК Плачковица, ФК Борец 1919 и натаму  прв но сега има само пет предност (50:45 бода) пред ФК Тиквеш од Кавадарци.  Во следното коло, сабота дома игра со осмо пласираниот ФК Партизан од Обршани кој има 13 бода. 

Младинскиот состав на ГРК Борец дома во саботата  загуби од РК Радовиш со 24:41 (10:24). Ова  е трет натпреварот за пет дена на велешани во разигрувањето. Претходно дома во четвртокот загубија од РК Прилеп 24:30 а во вторникот во Охрид од истоимената екипа со 38:12. Велешани се без бод во лигата. Следниот натпревар го играат при крајот на месецов на 28-ми април  со РК Струга во Струга. 

Во 23-тото коло од Втората лига Исток, кошаркарите на КК Борец баскет дома победија со 70:58 против екипата на КК Крива паланка која е последна со една победа. Претходно во средата играа вонредно коло, гостуваа во Скопје на МЗТ Аеродром каде загубија од лидерот со 78:88.   До крајот на првенството има уште три коло, но велешани го завршија првенството, оти едно коло се слободни а следните двата противника не настапуваат повеќе. По 23 кола КК Борец Баскет е трети со 29 бодови, но шансите да остане меѓу четирите екипи кои одат во разигрување за Прва лига се теоретски, бидејќи останати екипи имаат помалку натпревари одиграно и повеќе победи отколку велешани. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »