Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јули 2021
Оваа седмица на патеката Тацен, на реката Сава, Словенија се одржува Светското првенство во младински категории во кајак на диви води, слалом. Учествуваат јуниори и помлади сениори до 23 год, меѓу нив и тројца македонски репрезентативци, сите велешани Ангелче Петрушевски, Стефан Рибарски и Коце Игнатов во јуниорска конкуренција.
Тие веслаа во К-1, слалом на диви води, во јуниорска конкуренција. Квалификациите се одржаа денес, се возеа две трки. Ангелче Петрушевски обезбеди полуфинале откако во втората трка меѓу 20-те учесници беше најдобар. Со овој пласман меѓу десетте најдобри од втората трка,
обезбеди настап во полуфиналната трка и ги оправда очекувањата на стручниот тим на федерацијата.
Во втората трка Рибарски беше 14-ти а Игнатов 20-ти. Нашите тројца натпреварувачи во првата трка во конкуренција од 59 натпреварувачи ги постигнаа следните резултати, 31 место Ангелче Петрушевски , 41-то за Стефан Рибарски и 43-то Коце Игнатов од 58 учесници.
Петрушевски полуфиналето ќе го вози сабота претпладне во 10 ч.
Во вторникот се одржа екипната трка 3хК-1. Македонската селекција која настапи во состав Ангелче Петрушевски, Стефан Рибарски, Коце Игнатов го освои 15-то место од 16 учесника. Светски првак во јуниорска конкуренција станаа Словенците, пред Чесите и Французите.
Tweet |