речник контакт

Кајакарот Спасиќ без олимписка виза

Тој викендов учествуваше во К-1 на СП во кајак на диви води,во Лондон

Петар Печков

Велешанецот Љубомир Спасиќ, единствениот македонски репрезентативец,  учесник на СП во кајак на диви води- слаломм, не успеа да стигне до олимписката норма.

Тој на СП кое викендов  се возеше на олимписката патека  во Лондон од 2012-тата натпреварувањето го заврши првиот ден, во елиминациите. На првата трка меѓу   102 учесници, беше 76-ти, додека во втората трка  каде не учествуваа првите 30 пласирани од првата,  Спасиќ го зазеде 50-тото место од 72 кајакари. 

 Со условите за тренирање и работа, толку беше оптимумот. Без тренер, единствен на СП бев сам, од местото адае престојував до патеката секој ден пешачев 30 минути со чамецот на себе. И додека останатите има апо седум дена тренинг, јас бев таму пред почетокот само два дена - вели репрезентативецот Спасиќ.    

Последна можност Спасиќ во К-1 да се пласира на Олимпијадата во Рио е ЕП до година во мај во Литковски Миклуш, Словачка.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »