Петар Печков
Објавено: среда, 24 јули 2019
Во 2018-та во Велес имало само два дена со Ѕ02 над максимално дозволените концентрации, чадот е девет дена и тоа во време на грејна сезона, или има сезонски карактер. Тешки метали во воздухот, олово и кадмиум се во рамките на гранични вредности и препораките на СЗО и далеку под нив.
Ова се годишните резултати за квалитетот на воздухот кој го дишат велешани, добиени од мерните станици на Центарот за јавно здравје. Тие се на 24 часа и различни од мерните резултати на станицата на Инспекторатот за животна средина, кои се получасовни. За жал тие подолго време не работат и нема информација за суспендираните честички ПМ10.
Квалитетот на воздухот е далеку подобар во однос на годините пред 2003 год, резултат на неработење на Топилницата за олово и цинк Се следеше на три мерни места, но поради дотраеност на апаратурата сега се мери само на едно мерно место, во Нова населба. Ќе мериме додека и таа апаратура работи, додека не заврши. Ако го нема тој апарат ќе нема да мериме и тешки метали - рече спец. д-р Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за Јавно здравје.
Прашината се мери на седум мерни места а присуството на тешките метали олово и кадмиум е во гранични вредности. Споредбено во 2014година немалое денови со концентрации на чад над гранична вредност, во 2015 имаше 15 дена,во 2016 година имаше 31 ден,во 2017 година 6 дена.
Врз основа на прикажаните податоци од здравствената статистика, може да се заклучи дека има поголема зачестеност на респираторни болести кај детската популација во градот Велес, на чие настанување, ток и исход покрај останатите причини е и влијанието на штетните елементи на загадениот воздух од индустријата, грејната сезона и сообраќајот во градот- додаде д-р Петрова.
Tweet |