речник контакт

Керамика - стара велешка традиција

Стариот велешки занает гранчарството се возбновува и тоа со нов квалитет на производите кои ќе бидат белег на времето во кое живееме.

Петар Печков

Стариот велешки занает гранчарството се возбновува и тоа со нов квалитет на производите кои ќе бидат белег на времето во кое живееме. Преку проектот „Производство на керамички садови и сувенири“ учениците од Хемиското училиште „Димитрие Чупоски“ од Велес, втора година по ред го учат овој занает. Тој е финансиран од Светската банка и Холандската влада. - Иако во нашето училиште се изучуваше гранчарството, за што и учениците посетуваа пракса, сепак беа далеку од активни учесници во овој процес на создавање производ. Тие беа само посматрачи и помагачи. Сега имаме одлични услови кај нас сами учениците да создаваат прозивод но и да го пласираме на пазарот - вели Снежана Петрушевска, координатор на проектот. Преку него училиштето е опремено со комплетна керамичка работилница, со машини и уреди кои се неопходни за производство: дробилка, топчеста мелница, гранчарско тркало, електрична ролер преса, електрична печка. Претходно учениците посетувале пракса во Порцеланка и во АД Киро Ќучук, но сега со добивањето на опремата учениците самостојно работат. Проектот „Керамика - стара велешка традиција“ е добредојден бидејќи со квалитетната опрема што ја имаат на располагање, ќе може да се изработуваат керамички и грначарски производи кои нема да имаат штетни последици по здравјето на консументите, што досега надлежните инспекциски служби често го констатираа, поради штетните материи кои ги имаше во производите од приватните грнчари. - Очекувам овој занает кој е карактеристичен за Велес да заживее. Поетот Рацин, кој бил грнчар ќ? има потомци во занаетот, бидејќи имаме образовен профил на ученици кои ќе ја продолжат традицијата-објаснува Маја Хеско, директорка на училиштето. Тие сега се во потрага по мајстор кој ќе помогне на учениците во дизајнирањето на производите и прилагодување на новото време , со што ќе добие и употребна вредност. Грнчарското тркало сеуште не е во функција, бидејќи нема кој со него да работи. Старите велешки мајстори изумреле, нови нема, но затоа некој од учениците треба да ја продолжи традицијата. Дел од производите што во изминатите две години се изработени, јавноста можеше да ги види на два базари во Скопје и на две изложби во Велес. Учениците се задоволни што можат да посетуваат настава на која практично работат. - Убаво е што ќе продолжиме занает по градот бил познат надалеку. Стомни, ќупови, грне, барадак, тави, повторно ќе се најдат на велешкиот пазар но и на масите во домовите на велешани - радосна е Весна Димова ученичка во третата година, која вели дека е задоволство да се гледа како парчето глина се оформува во употребен предмет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »