Петар Печков
Објавено: вторник, 09 декември 2008
По повод 54 години од постоењето и работата на Ансамблот Керамичар, во четврток вечер тие ќе одржат годишен концерт.
Почетокот е закажан во 19 часот во салата на театарот Јордан Хаџиконсантинов Џинот. На концертот ќе бидат изведени ора и песни до велешко и Повардарието.
Ансамблот Керамичар е формиран 1954 година. Денес ансамблот брои над 250 членови од кои поголемиот број се ученици и студенти. Ансамблот Керамичар од неговото формирање па до денес има изведено повеќе од 3500 концерти. Има учествувано на разни фестивали, културни манифестации, прослави, средби, музички ревии на кои благодарение на врвниот квалитет на своите изведби има добиено многу плакети, дипломи, пофалници и други награди и признанија помеѓу кои најзначаен е сребрениот гердан освоен на ММФ во Дижон – Франција.
Ансамблот има снимено неколку грамофонски плочи со народни песни и ора од својот богат репортоар. Репортоарот на амсамбалот Керамичар е необично разновиден по форма и ритам што Македонскиот народ со векови го носел низ својата историја. Младоста и големиот ентузијазам на членовите на ансамбалот се вткаени во песните и ритамот на народните ора од Македонското поднебје.

Tweet |