lj lkjl
Објавено: сабота, 01 јули 2006
Иако на овогодишното светско првенство нема Кинези, фудбалот во оваа азиска држава е доста популарен. Кинезите смислуваат разни начини да би можеле во мир да ги следат натпреварите, а понекогаш ги ризикуваат животите да би можеле да ги следат најубавите потези на Роналдо, Роналдињо, Зидан... Но фудбалското лудило ги зафаќа сите, па и оние земји кои не се учеснички на овој мундијал. И Кина не заостанува многу, а дека таму има фанатици покажуваат следниве неколку примери: Иако во Кина било три часот навечер (во Европа девет часот) кога започнувал натпреварот меѓу Франција и Шпанија, во станот на еден Кинез избувнал пожар, меѓутоа за него ништо во тој момент не било поважно од натпреварот. Возбудливиот меч толку го заинтересирал Кинезот што не го слушнал викањето на неговата сопруга. И додека таа истрчала да го земе нивниот син и да го спаси, љубителот на фудбалот на изненадување ладнокрвно го земал телевизирот и после излегувањето од станот побарал струја за повторно да го вклучи телевизорот и да продолжи да го догледа мечот. \"На мојот сопруг воошто не му беше важно што станот беше во пламен и дека огнот се ни изгоре. Успеав да го земам детето со мене кое можеше да настрада бидејќи во неговите раце беше телевизорот\", изјави сопругата на кинескиот фудбалски фанатик. Поради големиот интерес за фудбал, еден 23 годишен човек дал отказ од работа за да може преку ден да спие, за да има време навечер да ги гледа натпреварите од мундијалот. Ниту покажувањето на платата која не го мотивирала да остане на работа. Некои Кинези поради желба за г?едање на мечевите се откажале од казнените пријави против крадци, а некои склопувале договори со жените, тој месец да има мир во куќа и слобода на \"вртење\" на програмите. Оние кои немале мир да го гледаат мундијалот откриле некои други методи. Еден Кинез ја заклучил својата сопруга во купатило за да може да го следи мечот СЦГ - Брегот на Слоновата Коска, додека друг ја избркал целата фамилија од дома за да може да го следи овој меч.
Tweet |